Прв Конгрес на ЗНАМ: Делегатите го изгласаа претседателот Максим Димитриевски, избрани партиските органи и тела

270

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на 22 февруари 2024 година го одржа Првиот Конгрес, на кој беа избрани органите и телата на партијата. На Првиот Конгрес беа избрани членовите на Централниот одбор и членовите на Надзорниот одбор. Потоа, на првата седница на Централниот одбор, од нивниот состав беа избрани потпретседателите, Генерален секретар, членови на извршниот одбор, Претседавач на Централниот одбор и на крајот, се назначи шеф на Централниот изборен штаб.

Делегатите за Претседател на партијата го избраа Максим Димитриевски, кој беше утврден и како кандидат за Претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за претстојните претседателски избори.

За потпреседатели на партијата беа избрани д-р Павле Арсоски, доктор по историски науки, генерал мајор во пензија, од Скопје и Весна Бендевска, дипломиран психолог, поранешен пратеник цо Собранието на РМ од Битола.

За генерален секретар на партијата е избран Горан Минчев, дипломиран економист од Скопје, поранешен генерален секретар на СДСМ и пратеник во Собранието на РМ, директор на Службата за општи и заеднички работи во Владата

За Организациски секретар е избран Сашо Петрушевски, дипломиран машински инженер од Куманово.

Игор Филков, дипломиран правник од Скопје, приватен стопанственик и член на Централниот одбор, е избран за Претседавач на Централниот одбор на партијата Движење ЗНАМ-За наша Македонија.

За Извршниот одбор на партијата беа изгласани 14 членови меѓу кои еминентни стопанственици, менаџери, професори, доктори…

Централниот одбор го назначи  Горан Минчев, Генерален секретар на партијата да биде Шеф на централниот изборен штаб за претстојните претседателските и парламентарни избори.