Прво место за македонската група „21 Век“ на хрватската „Невидлива топ листа“

118

Македонската музичка група „21 Век“ е на прво место на хрватската топ листа наречена „Невидлива Топ Листа“ со послендиот сингл „Чекам ко Куче“.

„Невидлива Топ Листа“ е организирана од страна на независниот музички портал RAVNO DO DNA. Се работи за уникатна колажна емисија која промовира нова регионална музика од независната сцена, како и вести и интервјуа со артисти од регионот.

„21 Век“ е скопски бенд составен од тројца музичари познати на македонската независна сцена: Васко Атанасовски, Дени Крстев и Раде Јовановски. Во овој состав, на македонската сцена се активни од 2018 година, а оттогаш имаат издадено 3 албуми. Последниот албум „Си нацртав живот“ доби одлични критики, а и содржи  песни („Ужасно ми фалиш“, „Сама види си“) кои беа популарни и се вртеа на македонските радио станици. Зад себе имаат повеќе балкански турнеи, а ова лето ќе имаат и уште една турнеја со настапи на повеќе популарни фестивали на Балканот.

По оваа турнеја „21 Век“ се подготвуваат и за ново изненадување во Македонија.