Прво Лапорта беше идиот, а сега Барса ќе ја освои ЛШ

69
epa07823415 Former Dutch soccer player Rafael van der Vaart before the UEFA EURO 2020 qualifiers group C soccer match between Germany and the Netherlands in Hamburg, Germany, 06 September 2019. EPA-EFE/DAVID HECKER

Поранешниот репрезентативец на Холандија, Рафаел ван дер Варт, важи за човек кој нема влакна на јазикот и кој не се срами јавно да каже што точно мисли. Пред нешто повеќе од еден месец, додека беше гостин во една емисија во родната Холандија, поранешниот фудбалер на Ајакс, Реал (М) и Тотенхем, претседателот на каталонскиот гигант Барселона, Жоан Лапорта го нарече идиот, а клубот мафија.

  • Како, не ми е јасно, можете да купувате нови фудбалери кога немате пари? Според мене, ова е нешто срамотно. Лапорта, каде и да се појави, се смее со својата голема глаца. Овој човек мисли дека е крал, а јас пак мислам дека е малку идиот. Не може на таков начин на постапува со другите луѓе. Френки де Јонг заработува премногу? Кога ќе потпишете договор истиот мора да ги испочитувате, а не вака да му правите. Името на Барса моментално е многу лошо. Тоа е фантастичен клуб и сите сакаат да играат за Барселона. Сепак, од сега на друг начин ќе судиме и сметам дека е срамота да се игра за Барселона, изјави Ван дер Варт.

Сепак, се чини дека Барселона со игрите кои ги прикажа во последниот месец успеа да го промени мислењето на поранешниот фудбалер на „кралскиот клуб“ кој пак сега мисли дека Барселона ќе биде таа која ќе го освои пехарот во Лигата на шампиони.

  • Барселона ќе ја освои Лигата на шампиони. Такво е моето чувство. Истото не се темели на ништо пособно, изјави Ван дер Варт.

Каталонскиот гигант игра во грпата „Ц“ заедно со Баерн (М), Интер и Викторија Плзен. После две одиграни кола од групната фаза, Барса има освоено три бода и следниот дуел, против Интер, лесно може да се покаже како клучен кога е во прашање пласманот во 1/8 финалната рунда.