Првото „кафуле отпад“ во Индија нуди бесплатна храна во замена за отпад

583

Повеќе од јасно е дека отпадот е еден од најголемите проблеми на денешницата. Пластичниот отпад продолжува да се зголемува и полека ги задушува природните ресурси на Земјата. Меѓутоа, се чини дека Индија пронајде неверојатен начин да се справи со овој проблем. Земјата отпочна со отворање „кафуле отпад“ кое ветува дека ќе обезбеди бесплатна храна во замена за отпад.

Општинската корпорација на Амбикапур, град во централната индиска држава Кататсигарх, го отвори првото индиско „кафуле отпад“. Со иницијативата, луѓето се охрабруваат да го донесат својот отпад, а за замена ќе добијат бесплатен оброк.

Кафулето нуди бесплатен оброк за килограм отпад, а за половина килограм отпад може да се добие појадок. Ѓубрето донесено во кафулето ќе биде рециклирано од страна на градот и употребено за изградба на поцврсти патишта.

Овој импресивен план може да му помогне на градот и на неговите граѓани. Покрај надоместот со храна за пластичниот отпад, иницијативата има намера да ги нахрани сиромашните и бездомните луѓе во Амбикапур.

Општинската корпорација е вистински посветена да ја одржи чистотата во градот, додека истовремено се грижи и за добросостојбата на своите граѓани. Не изненадува фактот што Амбикапур веќе е прогласен за вториот најчист град во Индија и несомнено ќе стане уште подобар со отпочнувањето на проектот „кафулето отпад“.

Извор: EliteReaders