Првиот ден беше ужасно, како никогаш да не сме играле фудбал

47

Офанзивниот бек на шпанскиот гигант Реал (М), Дани Карвахал, призна дека сите фудбалери имале проблем со контролата на топката на првите тренинзи по принудната пауза од два месеца.

  • Многумина од нас имаат проблем да ја контролираат топката. Тренинг на терен и во домашни услови не може да се спореди. Првиот ден беше ужасно, како никогаш да не сме играле фудбал. Но, следните денови веќе беше подобро. Верувам дека наскоро ќе се вратиме во посакуваната форма. На нас е да ги почитуваме сите протоколи и секако се надеваме на продолжување на сезоната, изјави репрезентативецот на Шпанија.