Македонската кошаркарска федерација денеска преку соопштение до јавноста потврди дека првенството ќе стартува на 31-ви октомври.

Дел од прволигашките екипи беа во изолација и кошарката беше спречена да почне, па денеска КФМ пресече дека од 31 октомври ќе може да се игра.

Раководејќи се според актуелниот здравствен и безбедносен билтен кај клубовите од Прва лига-мажи и имајќи го во предвид фактот дека екипите кај кои беа забележани позитивни тестирања од Ковид19 не можеа да го реализираат во целост тренажниот процес пред 21 октомври, раководството на федерацијата одлучи првото коло од новата натпреварувачка сезона 2020/21 да се одигра на 31 октомври.

Во таа насока, секој учесник во натпреварувањето пред почетокот на натпреварувањето е должен да потпише изјава-согласност со која ќе потврди дека ќе ги почитува општите мерки за превенција и заштита од Ковид19 кои важат во делокругот на кошаркарскиот спорт, како и дека ќе ги почитува најавените протоколи за превенција и заштита од Ковид19, од страна на надлежните државни органи и од страна на федерацијата.

Вклучително и посебните мерки за превенција и заштита од Ковид19 наложени од организаторот на натпреварувањата во рамките на федерацијата. Ние секојдневно ќе ја следи состојбата во нашата држава од здравствен аспект и во консултации со Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, по потреба ќе бидат донесени и дополнителни одлуки за почеток и реализација на понатамошниот тек на натпреварувањето, стои во соопштението на КФСМ.