Пратениците го одобрија заемот од ЕБОР од 55 милиони евра за регионални депонии

40

На денешната 73-та седница на Собранието на Република Македонија, пратениците со 60 гласа за и ниеден против го усвоија Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Регионалниот проект за цврст отпад.

Со овој заем ќе се обезбедат средства во висина од 55 милиони евра за изградба на регионалите системи за управување со отпад за Полошки регион, Југозападен и Пелагониски регион и за Вардарски и Југоисточен регион.

Средствата ќе се користат за изградба на централни депонии, за изградба на трансфер станици, за набавка на камиони и контејнери, како и за затварање на постоечки диви депони за наведените региони.