По 3.500 денари за секое прваче во општина Аеродром

42

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски оваа работна недела ја почна со потпишување решенија за исплата на еднократната помош која му следува на секое прваче што ќе се запише во едно од основните училишта во Општина Аеродром.

– Со оваа мерка целта е да се помогне на родителите и дечињата кои живеат во Аеродром, а секој што ги исполнува условите ќе добие по 3.500 денари за секое прваче – информира Муцунски.