Принцезата Шарлен од Монако била позитивна на тестирањето на ковид-19, но нејзината здравствена состојба „не е загрижувачка“, соопштија денеска од кнежевската палата.

„Во согласност со здравствените прописи кои се на сила, принцезата Шарлен, неколку дена ќе помине во изолација“ – се вели во соопштението.

Принцезата Шарлен позната како најтажната принцеза во светот, во март се врати во палатата по долгото отсуство поради здравствените проблеми, изјавија дека е „помирна“, но дека се уште е со чувствително здравје. Сопругата на принцот Алберт од Монако, минатата година помина девет месеци во родната Јужна Африка. Таму била оперирана по тешката инфекција на синусите, а потоа престојувала во психијатриска болница во Швајцарија.