Почна реконструкцијата на улицата „Салвадор Аљенде“

121

Општина Центар започна со реконструкција на улицата „Салвадор Аљенде” број 32 и 34.

Оваа улица се наоѓа веднаш до Бирото за јавна безбедност и на почетокот на рекреативно-планинарската патека на Водно.

Како што информираат општинските власти, на површина од 1057.5 квадратни метри ќе биде поставен нов коловоз и за првпат жителите во овој дел на Центар, ќе добијат нова комплетно асфалтирана улица.

Од Општината апелираат до жителите и рекреативците да бидат внимателни при изведбата на теренските активности во наредните денови.

Градежните активности се планирани да завршат во текот на наредната недела.