Почна изградбата на живеалиштето за фламинга и пингвини

151

Во скопска зоолошка почна изградбата на живеалиштето за фламинга и пингвини.

Од зоолошката градина информираат дека ова живеалиште ќе се гради етапно, а според рокот на изградба се очекува фламингата да пристигнат во октомври, додека пак пингвините напролет. Финансиите за живеалиштето ги обезбеди Град Скопје.
-ЗОО Скопје конечно за првпат станува дом на омилените егзотични птици кои ќе живеат во дом правен по светски стандарди, потенцираат од Зоолошката градина.

Живеалиштето за фламинга и пингвини ќе го гради АД „Карпош“, а ќе биде направено по светски стандарди и со најдобри услови.

Тоа ќе се гради во две фази. Првата фаза ќе биде делот за фламингата, која се очекува да заврши до октомври, додека втората, делот за пингвини, кој би бил готов до напролет кога и ќе пристигнат пингвините.

Како што информираше Тина Мицковска, портпарол во Скопската зоолошка градина, фламингата ќе бидат донесени од Германија во јато од 10, а можеби и ќе бидат донесени повеќе, а пингвините, исто така ќе бидат донесени од Германија во јато од 10.

-Пингвините ќе бидат од видот африкански блек фут кој се прилагодуваат на температурата и затоа ќе им одговара климата кај нас, објасни Мицковска.

Живелиштето за фламингата и пингвините ќе чини околу 200.000 евра и тие ќе бидат едно до друго, спроти живеалиштето на жирафите.

(А.П.)