Почина Бил Витерс, авторот на хитовите „Ain’t No Sunshine“ и „Lean on Me“

83

Авторот и изведувачот на вонвременските хитови „Lean on Me“, „Ain’t No Sunshine“, „Just The Two of Us“ и „Lovely Day“, американскиот соул пејач Бил Витерс почина во Лос Анџелес од компликации со срцето, пренесоа странските медиуми. Тој имаше 81 година.

Три пати освојувач на наградата „Греми“, во екот на пандемијата на коронавирусот, бројни здравствени работници, како и уметници ја обработија неговата песна „Lean On Me“ и истaкнуваа дека им помага во овие тешки времиња.

„Живееше мирен живот во кругот на своето семејство и пријателите, но неговата музика засекогаш му припаѓа на целиот свет. Во овие тешки моменти, се надеваме дека неговата музика ќе им обезбеди утеха на неговите обожаватели“, соопштија членовите на семејството на Витерс.