Светското фудбалско првенство не може да мине без убавите девојки и сопруги на славните фудбалери. Покрај бројните убавици кои на секој начин настојуваат да го привлечат вниманието, на трибините во Доха пристигна и поубавата половина на Роналдо, Георгина Родригез.

Георгина на својот инстаграм профил се пофали дека со децата дошла да го бодри Кристијано Роналдо и репрезентацијата на Португалија.

Вчера таа од трибините го следеше натпреварот Португалија – Јужна Кореја на кој португалската репрезентација загуби со 1-2.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Атрактивната Шпанка изрази почит кон земјата домаќин и ја воодушеви јавноста со изборот на облеката со кој ги следи правилата на облекување во Катар.

Георгина на стадионот во Доха беше облечена прилично скромно – во фармерки и затворена широка кошула со долги ракави.

„Ви благодарам на топлото гостопримство. Ми беше задоволство да го истражувам градот“ – напиша Георгина по доаѓањето во Доха.