Ракометната репрезентација на Португалија, видно ослабена ќе настапи на претстојното Европско првенство во Словачка и Унгарија. Селекцијата која што имаше фантастичен настап на последното Светско првенство во Египет и за „влакно“ не се пласира во полуфиналето, на континенталниот собир ќе отпатува и без услугите на Андре Гомеш.

Како што пишуваат португалските медуми, бекот на Мелсунген се здобил со незгодна повреда на стапалото и нема да може да биде во конкуренција за настап на шампионатот.

Покрај Гомеш, на шампионатот нема да настапат ниту кружниот напаѓач на Барса, Луиш Фраде, кој најверојатно надвор од терените ќе биде до крајот на сезоната, како и десниот бек Диого Силва.