Поранешен британски премиер со презир кон серијата „Круна“:Тоа е само куп измислици и бесмислици

76
Поранешниот британски премиер Џон Мејџор ја критикуваше серијата на Нетфликс „Круна“, чие петто продолжение ќе почне да се прикажува на 9.ноември, нарекувајќи ја „куп бесмислици“.
Биографите на кралското семејство и коментаторите веќе остро ја критикуваат новата сезона која излегува два месеци по смртта на кралицата Елизабета Втора.
На новите епизоди им се забележува дека содржат низа невистини и дека му штетат на угледот на тогашниот принц Чарлс, кој во меѓувреме стана крал.

 

Како што пишува британскиот печат, петтата сезона ќе зборува за Чарлс кој, додека уште беше принц од Велс, ковал завера да ја симне од тронот кралицата.

 

Медиумите претпоставуваат дека таа ќе вклучува разговори во кои Чарлс го притиска Џон Мејџор да ја натера неговата мајка на абдикција.

Претставници на поранешниот конзервативен премиер кој на власт беше од 1990 до 1997 година, објавија соопштение во кое се истакнува дека тоа е „чиста измислица“.

„Сер Џон и принцот од Велс никогаш не разговарале за абдикција на кралицата Елизабета Втора.“

Џон Мејџор „на ниту еден начин“ не соработувал со „Круна“. Никој не му се обратил заради проверка на фактите во сценариото“, на серијата, се наведува во соопштението.

Ако сцените навистина бидат такви какви што ги опишуваат медиумите „треба да се гледаат како шетна и злонамерна измислица“. Ќе биде тоа „куп бесмислици кои се пренесуваат заради драматизација, што е целосна невистина“.

Продуцентите ја одбиваат ваквата критика и истакнуваат дека серијата „секогаш ја најавувале како фикција втемелена на историски случувања“.