Поплави во Хрватска, делови од Далмација под вода

1063

Силниот дожд денеска предизвика поплави во делови од Далмација. Најтешко е погодена општината Дичмо, помеѓу Сплит и Сињ, каде жителите се евакуирани, пренесува ХРТ.

Од околните планини ви овој реон се слеале големи количини вода и ги поплавиле патиштата и полињата, но и неколку од куќите во Дичмо.

Противпожарните служби и бројни волонтери учествуваат во подигнување заштитни брани со вреќи песок за да се заштитат куќите од водената стихија.