Понекогаш си куче, а понекогаш си дрвo

101

Откако поминаа околу 20 дена од последната објава, хрватскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Милан, Анте Ребиќ, објави нова порака на својот инстаграм профил. Неговите фанови во последните неколку месеци не добиваа шанса да го видат на зелениот терен, а ретко го имаше и на социјалните мрежи.

Помеѓу двете последни пораки кои ги остави на својот инстаграм профил, крилниот напаѓач три пати беше на зелениот терен, два пати во италијанската Серија А и еднашка во Купот на Италија. Хрватот одигра вкупно 96 минути, но тоа не беше доволно за да го зголеми бројот на погодоци и асистенции. Кога е во прашање актуелната сезона, Ребиќ има одигран  14 натпревари на кои постигна два погодока и запиша две асистенции.

Хрватот ги одигра последните десет минути од првенствениот натпревар против екипата на Специја и само поради катастрофалната грешка на главниот судија, Марко Сера, Ребиќ не запиша нова асистенција на своето конто. Во 92 минута, при резултат 1:1, Ребиќ му асистираше на Жуниор Месиас, кој постигна прекрасен погодок.

Сера го поништи погодокот затоа што после асистенцијата, Ребиќ беше фаулиран од противничкиот играч Бастони. Наместо да почитува предност и да го признае погодокот на Милан, судијата досуди фаул и слободен удар. Хрватот буквално збесна поради одлуката на Сера и веднаш му се внесе в лице притоа држејќи го за главата.

  • Бесот кој можеше да се забележи на лицетот на Ребиќ доволно збори како се чуствуваа фудбалерите на Милан после грешката на Марко Сера, поради која не се освоени трите бода и лидерската позиција на табелата, напиша по натпреварот „Газета дело Спорт“.

Неколку часа подоцна и Ребиќ реши да се врати на социјалните мрежи.

  • Понекогаш си куче, а понекогаш си дрво, напиша Хрватот на својот инстаграм профил.