Годишното време и деновите во неделата и многу влијаат на зголемен ризик од срцев удар. Шведски научници, кои работеле на студија за ризик од срцев удар, ги анализирале податоците на 156.000 пациенти примени во болница поради проблеми со срцето во текот на седум години. Воочиле неколку изненадувачи работи, меѓу кои и причината поради која повеќето срцеви удари се јавуваат во понеделник, а најмалку во сабота.

Ризикот од срцев удар во понеделник е поголем за 11 отсто во однос на другите денови, а вработените луѓе се ранливи најмногу во понеделник. Ризикот од инфаркт е за 20 отсто поголем во првиот ден од работната недела. Гледајќи ги месеците од годината, најлош е декември, а најдобар јуни. Летните одмори се побезбедни за срцето отколку зимските, како што се Божиќ и Нова Година.

Времето кога срцевите удар се почести се совпаѓа со зголеменото ниво на стрес во организмот, како на пример по враќањето од работа во понеделник. Претходно, една студија покажала дека стресот може да биде поттик за промени во организмот што може да нè направи подложни на срцев удар.

Експертите сугерираат намалување на стресот со вежбање, длабоко дишење, дури и гледање комедии.