Многу туристи останале разочарани по доаѓањето во хиндуистичкиот храм Лемпујанг во Карангасем, познат и како Врата на рајот. Се работи за една од најпознатите туристички атракции, која секоја година ја посетуваат илјадници туристи, кои прават многу убави фотографии.

На социјалните мрежи вообичаено гледаме фотографии на кои одредена личност стои во средината на храмот, а во водата се рефлектира целата глетка, која дава впечаток на бесконечност.

Лажната фотографија се создава така што посетителите пред мобилниот телефон ставаат огледало, со кое создаваат илузија на вода.

Бројни туристи кои се упатуваат на оваа локација и од Убуд до неа патуваат два часа, очекуваат дека ќе ја видат спектакуларната глетка, воглавно остануваат разочарани, бидејќи на тоа место се наоѓа само ливада.