Полска се подготвува за можна руска употреба на нуклеарно и хемиско оружје

39

Полската Влада внимателно ги следи руските активности во соседна Украина, со цел да се подготви доколку има потенцијална употреба на нуклеарно или хемиско оружје од страна на Кремљ, изјави денеска полскиот заменик министер за одбрана Марчин Оцепа.

Како што појасни тој, Владата верува дека рускиот претседател Владимир Путин „може да употреби нуклеарно или хемиско оружје“ и оти Полска „мора да биде подготвена за секое сценарио“.

Претседателот Анджеј Дуда, премиерот Матеуш Моравјецки, како и министри и лидери на полските вооружени сили, вчера разговараа за помошта на Украина и текот на војната, но и за нуклеарните закани на Русија