Полска остро реагираше на одлуката на Русија за протерување нејзини дипломати

35

Полското Министерство за надворешни работи денеска ја оцени одлуката на Русија да протера пет полски дипломати како агресивна акција насочена кон разгорување на односите со соседите, додавајќи дека го задржува правото да „реагира соодветно“.

– Одлуката на руската страна е уште еден пример за агресивна политика и намерен гест чија цел е раздвижување и нарушување на односите со целата меѓународна заедница, соопшти полското МНР на својата веб-страница.

Руското Министерство за надворешни работи претходно прогласи пет лица вработени во полската Амбасада за персона нон грата, наведувајќи дека треба да ја напуштат Русија до 15 мај.

Извор:МИА