Полнети палачинки со месо во сос на унгарски начин

175

Овој рецепт е создаден за светската изложба во Брисел во 1958 година од унгарски шеф, кој направил одличен маркетинишки план именувајќи го рецептот на месестата палачинки Хортобаги. Тој ги наполнил палачинките со чорба од телешко месо. Благодарение на уникатниот вкус се проширил брзо меѓу посетителите на изложбата. Месните чорби и палачинките се неизбежен дел од унгарската кујна, а овој рецепт е одличен начин да се зачуваат остатоците од јадењата кои се често приготвувани и присутни во унгарската кујна.

Потребно е:

За палачинките

  • 5 дл млеко
  • 250 грама брашно
  • 2 јајца
  • Сол
  • Масло

За полнењето:

  • 300 г пилешко
  • 1 кромид
  • 1 пиперка
  • 1 дома
  • Сол
  • Црн пипер
  • Ким
  • 2 лажици црвен пипер
  • 5 дл масло
  • 2 чешниња лук
  • 4 дл кисела павлака
  • 2 лажици брашно

Приготвување:

Прво пригответе ја чорбата. Исечкајте го кромидот и пропржете го на масло. По неколку минути додадете ги исечканите пиперка и домат, и малку запечете ги. Потоа, додадете ги зачините и здробениот лук. Додадете го пилешкото и оставете сето тоа да се вари на тивко 40-45 минути. Ако сосот испари целосно, додадете уште малку вода за да знаете дека месото е зготвено и меко.

Додека ја приготвувате чорбата, направете ги палачинките. Измешајте ги сите состојки и оставете да одморат 10-15 минути пред да ги печете. Откако ќе се сварат пилешките копанчиња, одвојте го месото и испасирајте го со малку сос. Со оваа смеса полнете ги пачачинките. Павлаката и брашното измешајте ги и ставете ги во остатокот од чорбата за да добиете убав, густ сос со кој ќе ги прелеете полнете пачинки послужени во чинија. Украсете ја секоја палачинка со топка павлака и свеж магдонос.