Полицијата на нозе:Лажна дојава за подметната бомба пред Собранието

46

Скопјанец во полиција пријавил дека поставил бомба пред Собранието на Македонија, а потоа и во зградата на Итната медицинска помош. Набрзо потоа полицијата го пронашла и го привела за понатамошна постапка, а според МВР, лицето било со нарушено ментално здравје.

„На 16.01.2019 година во 23.05 часот во СВР Скопје, Д.И.(40) од Скопје, лице со нарушено ментално здравје, лажно пријавил дека поставил мина пред Собранието на Република Македонија, а потоа и во зградата на Итната медицинска помош. По преземени мерки и активности од полициски службеници, Д.И. бил приведен во Полициската станица Драчево за понатамошна постапка“, информираат  од МВР.