Полагање свежо цвеќе на споменикот на ослободителите

233

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска во 10 часот ќе се сретне со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ, по повод одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.

Активностите за одбележување на 13 Ноември ќе продолжат со полагање цвеќе пред споменикот на ослободителите на Скопје, на Партизанските гробишта во 11 часот, на  Алеата на заслужните граѓани, на гробот на генерал Михајло Апостолски во Бутел, во 11.30 часот и на споменикот на ослободителите на Скопје пред Владата на Република Северна Македонија во 12.30 часот.

Во 14 часот е предвидено отворање на нова галерија во Градскиот трговски центар, а во Македонската опера и балет во 20 чаот свечено ќе бидат доделени наградите „13 Ноември“ на Град Скопје за 2019 година.