Покетино желба на „Ноу Камп“

99

Медиумите кои важат за блиски до каталонскиот гигант Барселона, ја пласираа и информацијата дека раководните лица на актуелниот шампион на Шпанија во следните неколку дена ќе имаат состанок со аргентинскиот стручњак Маурицио Покетино.

Пред неколку дена лоноднскиот премиерлигаш Тотенхем прво ја прекина соработката со Покетино, а потоа на негово место го ангажираше контроверзниот португалски стручњак Жозе Мурињо.

Интересно, пред неколку години Аргентинецот изјави дека никогаш нема да биде тренер на Барселона затоа што во минатото бил фудбалер на градскиот ривал Еспањол.