Љубителите на боксот со воодушевување ја дочекаа веста за повторната средба во рингот на двајцата тешкаши Ивандер Холифилд и Мајк Тајсон. Иако се уште нема официјална потврда за оваа борба, изгледа дека договорот е постигнат и дека Тајсон и Холифилд по третпат ќе влезат во клинч и тоа уште на 11 јули во Саудиска Арабија.

Поранешните светски шампиони во тешка категорија ќе одработат борба во хуманитарни цели, а парите ќе бидат наменети за истражување и пронаоѓање лек од коронавирусот.

-Луѓето на Тајсон веќе преговараат со мојот тим. Се уште не сме дошле до конечниот договор, но одиме во таа насока. Ако се случи тоа, нема да биде проблем. Двајцата тренираме, но ниеден од нас го немаше тоа на ум кога почнавме да тренираме, истакна Холифилд.

Тајсон (53) и четири години повозрасниот Холифилд двапати се сретнаа во рингот, а Холифилд има две победи. Првата во 1996 година кога го победи Тајсон со нокаут во 11 рунда, додека втората беше година дена подоцна, кога „Челичниот Мајк“ му го одгриза увото на Холифилд и беше дисквалификуван.

По оваа борба Тајсон во рингот влезе уште десет пати, победуваше некопи од послабите противинци, а кариерата ја заврши по поразот од Кевин Мекбрајд. Холифилд се пензионираше на 48 години, поточно по победата над Данецот Брајан Ниелсен во 2011 година.