Познати сите детали од истрагата во која загина Коби Брајант

441

Поминаа точно две недели од трагичната хеликоптерска несреќа, во која загина иконата на НБА лигата – Коби Брајант, а сè уште во целост не е познато што точно се случило таа маглива недела во Калабасас, Калифорнија.

Светот остана без една од најголемите кошаркарски легенди, а заедно со неа загинаа уште осум други лица, меѓу кои и неговата 13-годишна ќерка, Џијана.

Светот уште тагува и не може да се помири со големата загуба. Многу луѓе, познати и непознати, му дадоа последна почит на човекот кој во голема мера ја промени модерната кошарка.

И како што е обично, особено кога станува збор за јавни личности, некои организации влегоа во реконструкција на несреќата за да појаснат што точно се случило тој фатален ден.

И како што е обично, особено кога станува збор за јавни личности, некои организации влегоа во реконструкција на несреќата за да појаснат што точно се случило тој фатален ден

Сè уште нема официјална потврда, прашањето е дали и кога ќе биде, па добро познатиот специјализиран јутјуб-канал „The Flight Channel“ одлучи да направи еден осврт на целата ситуација. Инаку, оваа реконструкција се заснова на официјални изјави дадени од полицијата, како и изјави на очевидци од местото на несреќата. „The Flight Channel“ е специјализиран канал на „Јутјуб“, кој се занимава со реконструкции на воздушни несреќи.

Хеликоптерот „сикорски С-76“ од 1991 година, регистриран како N72EX, некогаш бил во сопственост на држава Илиноис и се користел за транспорт на гувернери и други службеници, а оваа сојузна земја го продала во 2015 година.

Тоа неделно утро, осум патници плус пилотот се упатиле кон Спортската академија „Мамба“, каде што Коби Брајант требаше да ја води од клупа екипата на својата ќерка Џијана. За работите да бидат позагрижувачки, истиот хеликоптер ја минувал истата рута претходниот ден, без никакви проблеми, а летот траел околу половина час до Спортската академија, многу побрзо од двата часа доколку би оделе со автомобил.

Хеликоптерот полетал во 9:06 часот.

Метеоролозите за тој ден најавиле лошо време со мала видливост и густа магла за подрачјето на Лос Анџелес. Времето било толку лошо што полицијата во Лос Анџелес издала забрана за воздушни летови тоа утро.

Регулативите за воздушниот сообраќај се исклучително прецизни и строги и, меѓу другото, им било забрането на пилотите да летаат низ облаците во вакво магливо време. Ова значи дека хеликоптерот на Коби Брајант летал на 240 метри надморска височина.

Хеликоптерот во кој се наоѓал Брајант летал по вообичаената рута. Но, тој ден, густата магла се спуштила на ридското подрачје во Санта Моника, место кое постојано го поминувал. Патниците во хеликоптерот решиле да одат по околниот пат за да ги избегнат планините и навреме да стигнат до спортската академија.

Во 9:21, хеликоптер започнал да кружи над Глендејл, пред градот Бурбанк. Во тој момент, аудиоснимката од контролата на летање посочува дека пилотот Ара Зобајан побарал специјални правила за летање во случај на лоши временски услови.

По околу 10 минути кружење, во 9:33 часот, хеликоптерот се упатил кон својата крајна дестинација, на која, за жал, никогаш не пристигна.

По договорот со контролната кула, хеликоптерот на Коби Брајант се упатил кон ридското подрачје на западниот раб на долината Сан Фернандо, следејќи го автопатот „Вентура Запад“.

Како што теренот станувал се повисок така и хеликоптерот за кусо време искачил на висина од 300 метри (за само 36 секунди).

Во 9:44, од контролната кула дошло предупредување дека летаат премногу ниско. Тука започнале проблемите, бидејќи видливоста била толку лоша што пилотот не можел да види каде лета, но постапил според упатствата на контролорот на летот. Потоа свртел југозападно.

Ван Нуис кула: 2EX хеликоптер, контактирајте го Сокал на 134.2 за да продолжите со летот.

Пилот: 134.2.

Кула: Хеликоптер 2EX, ве молиме, идентификувајте, слушнав од Сокал, контакт за слетување.

Потоа немало одговор од пилотот па хеликоптерот излегол надвор од рутата за летање.

Кула: хеликоптер 2EX, следете го кодот 1200, барате лет за продолжување?

Повторно не добиле одговор.

Кула: 2EX, кажете ни ги вашите намери.

Нема одговор.

Кула: 2EX, сè уште летате премногу ниско, ако сте продолжете да летате.

Неколку секунди подоцна хеликоптерот исчезнал од радарот. Од податоците на рутата за летање било јасно дека тој забрзано почнал да паѓа и дошло до несреќата.

Хеликоптерот се урна во Калабасас, Калифорнија во 9:47 часот.

Во трагична несреќа животот го загубија девет лица. Иако пожарникарите и брзата помош биле веднаш на местото на настанот, патниците не беа спасени.

Понатамошна истрага открила дека хеликоптерот, со кој патувал Коби Брајант, немал рекордер на податоци за летот, нешто како црна кутија во авионите, бидејќи хеликоптерите во САД не се обврзани да ги имаат. Исто така, хеликоптерот немал ниту систем за читање на терени ниту, пак, систем за тревога.