Пожар на воена локација во близина на руско-украинската граница

47

Едно лице е повредено во пожар што избувна во воен комплекс во рускиот град Белгород на границата со Украина, изјави увернерот на Белгородската област.

Гувернерот Вјачеслав Гладков изјави дека еден жител се здобил со полесни повреди и не е во животна опасност. Во пожарот се оштетени и седум објекти.

Од Министерството за одбрана не објавија за инцидентот.

На фотографии објавени на социјалните мрежи се гледа облак од чад што се издига над градот.

Во одделен случај, гувернерот на регионот Курск, кој исто така граничи со Украина, рече дека е оштетен железнички мост што го користат товарни возови.