Под Пекинг постои подземен град каде живеат повеќе од милион луѓе/ВИДЕО

718

Некогашниот претседател на Кина, Мао Це Тунг им дал јасни упатства на сограѓаните – „да копаат длабоки тунели, да подготвуваат храна и да се подготвуваат за војна“, така под Пекинг е изграден огромен подземен град.

Над милион луѓе се уште живеат во подземните тунели во Кина, и по половина век откако биле изградени како засолништа за време на Студената војна. Работниците со ниски приходи сега го окупираат овој простор, кој опфаќа речиси 50 квадратни километри.

Изградбата на подземниот град наречен „Зандана“ почнала во 1969 година.

Напнатоста меѓу Кина и Советскиот сојуз во текот на Студената војна, достигнала врв во 1969 година, со конфликтот на заедничката граница. Кина поради тоа била во голема подготвеност за реалната можност за војна, а подземниот град беше создаден како големо засолниште од нуклеарен напад.

Некогашниот претседател на Кина Мао Це Тунг им дал јасни упатства на сограѓаните – „да копаат длабоки тунели, да подготвуваат храна и да се подготвуваат за војна“, па така околу 300.000 граѓани учествувале во изградба на огромни скривници.

Тие, под водство на воените инженери, создале голема тунелска мрежа од околу 10.000 атомски бункери. Изградени се и ресторани, театри, магацини, фабрики, фарми, спортски објекти и сè друго што можеби ќе и треба на заедницата за да ја преживеат нуклеарната војна.

Според некои извори, тогашната влада се пофалила дека таму може да го смести целото население на централниот дел на Пекинг.

Подземниот град никогаш не бил користен за она што бил изграден, па така во осумдесеттите години на минатиот век, неколку оддели биле предадени на локалните власти, кои ги претвориле во канцеларии и продавници.

Сепак, поголемиот дел од подземниот град е во приватна сопственост и многу сопственици на оддели ги претворија своите бункери во мали станбени единици.

Некои жители живеат тука со децении, додека за други, живеењето под земја беше привремена „станица“ сè додека не се преселат во стан над земјата.

Условите за живеење во бункерот се основни, со многу мувла и застоен воздух поради недостаток на вентилација.

Сепак, поради загриженоста за заканите по безбедноста на станарите, во 2010 година, властите во Пекинг одлучија дека нуклеарните засолништа повеќе не можат да се користат во станбени цели, па така животот во овие подземни бункери е практично нелегален.

Сепак, многумина продолжуваат да ја населуваат оваа област, а зголемувањето на цената на киријата ги принудува многу работници кои не работат во нивниот град да живеат во овие тунели.