Индискиот тенисер Јуки Бамбри не се согласува со предлогот за помош на светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ.

Имено предлогот на Србинот беше водечките тениски тела и првите 100 играчи на АТП листата да им донираат пари на оние понискорангираните, но некои како Австриецот Доминик Тим и Лејтон Хјуит го упропастија предлогот.

-Мислам дека е тешко да се помине- колку што слушнав, има многу тенисери кои се резервирани во врска со предлогот на Новак. Луѓето би биле среќни овие пари да им се дадат на медицинските работници или пак на други, на кои им е потребна помош, отколку на нас тенисерите, изјави Бамбри, моментно 137 тенисер во светот.

Индиецот од турнири во кариерата има заработено повеќе од 900.000 долари и вели дека поинаков награден фонд би решил многу повеќе.

-Најдобро би било сега да се обидеме да ги зголемиме наградните фондови, тие се кикирики кога ќе се погледне колку грен слемите, мастерсите и другите турнири заработуваат. Зголемувањето треба да тргне од спротивната страна, а не да му се даде уште еден милион на победникот – тоа е многу подобро, отколку еднократна исплата од пет – десет илјади долари, заврши 27 – годишниот Индиец.