Повлекував линија кокаин и излегував на терен да играм

138

Ако можеме да кажеме дека некој фудбалер не го достигнал својот целосен потенцијал, тогаш тоа секако е поранешниот англиски играч за врска Пол Гаскоњ.

Играше за клубови како Њукасл, Тотенхем, Лацио, Ренџерс, Мидлсброу, Евертон, Барнли, Гансу Тианма и Бостон Јунајтед каде ја заврши кариерата во 2004 година, но впечатокот е дека можеше да направи многу повеќе.

Десет години играше и за репрезентацијата на Англија, од 1988 до 1998 година и во тој период на 57 настапи постигна десет гола.

Познат по прекарот Газа, правеше многу инциденти на теренот и надвор од него, а каков беше можеби најдобро опишува изјавата на Џенаро Гатузо.

  • За време на мојот прв ден во Глазгов, Гаскоњ се посра во моите чорапи. Тоа го направи додека се туширав. Кога се вратив, видов гомна во чорапите. Тој правеше такви работи секој ден, истакна своевремено Гатузо.

Легендарниот Газа имаше огромни проблеми со алкохолот и дрогата, поради што изгуби речиси се што имаше.

Се памети неговата изјава во која призна дека бил во алкохолизирана состојба, па дури и играл натпревари.

  • Порано пиев девет коњака пред натпреварите, повлекував линија кокаин и сето тоа го користев со вино, истакна Газа во една прилика.

Меѓутоа, претходните години овој 54-годишник решил малку да се „стабилизира“ и конечно да си го среди животот. Иако низ годините им создаваше проблеми на многумина, сите се среќни што поранешниот играч на Тотенхем успеа да се опорави.

Газа неодамна беше дел од тимот на Ренџерс кој на својот 150-ти роденден организираше натпревар против тимот на Светот, предводен од големи имиња како Луис Фиго, Кака, Рикардо Кварезма…

Тој во игра влезе во 80. минута наместо Мајкл Молс и неговиот настап предизвика голем аплауз кај публиката на „Ајброкс“, која срдечно го поздрави славниот фудбалер, а на тој меч постигна гол бидејќи тоа го дозволија неговите колеги од спротивната страна.