Повеќето Американци веруваат дека во следната деценија ќе избие светска војна

281

Мнозинството Американци веруваат дека ќе се случи уште една светска војна во следните пет до 10 години, според истражувањето на YouGov.

Според извештаите, 61 отсто од Американците изјавиле дека во следните пет до 10 години „веројатно“ ќе се случи нова светска војна, додека околу 18 отсто од испитаниците рекле дека „не се сигурни“.

Околу 21 отсто од анкетираните изјавиле дека нова светска војна во следните пет до 10 години е „малку или воопшто не e веројатна“.

Доколку избие светска војна во која би учествувале Соединетите држави, шест отсто од Американците изјавиле дека доброволно ќе служат воен рок, а други девет отсто рекле дека нема да волонтираат, туку би служеле доколку бидат повикани.

Во исто време, околу 13 отсто од испитаниците изјавиле дека нема да волонтираат и дека би одбиле да служат војска, дури и да бидат повикани.

Истражувањето покажа и дека околу 53 отсто од Американците веруваат дека западните земји и нивните сојузници ќе победат во конфликтот против Русија, додека околу 11 отсто од нив изјавиле дека Русија и нејзините сојузници ќе го поразат Западот.