Платата на Хамес е проблем

55

Репрезентативецот на Колумбија, Хамес Родригез, и понатаму е голем проблем за раководните лица на англискиот премиерлигаш Евертон. Популарните „карамели“ се обидоа на секаков можен начин да се ослободат од услугите на искусниот играч за врска за време на летниот преоден рок, но ниту еден од заинтересираните клубови не беше во можност да му ја понуди платата која Хамес ја заработува на „Годисон Парк“. Колумбиецот моментално има неделна плата од 250.000 фунти.