Ооо, каков настап! Водителката Марјана во дует со струмичанецот Владо Калембер запеа “Чао, аморе“

741

И ако оваа година поради трагедијата во Тетово официјално не се оддржа Фестивалот “Охрид фест“, сепак тој се снимаше само за потребите на МТВ. Водителката на таа таканаречената Интернационална вечер (без публика и новинари) беше атрактивната Марјана Станојковска. Таа не издржа, па запеа во дует со специјалниот гостин, пејачот Владо Калембер кој е роден во Струмица, а живее во Загреб. И двајцата не потсетија на некогашниот евровизиски хит “Чао, аморе“.

– Голема чест ми беше што на Интернационалната вечер од Охрид Фест имав можност заедно со нашиот специјален гостин Владо Калембер да го изведеме неговиот познат хит од 1984година “Чао аморе”, Инаку тој дует со Изолда Баруџија премиерно беше изведен во нашата Универзална Сала во Скопје во рамките на тогашната Југовизија. Потоа како победничка нумера за таа година, беше и претставник на Југославија на Евросонг во Луксембург, емотивно ни порача згодната македонска водителка. (Д.М.)