Пијана Адел се избламира за цел живот: Снимката е хит на социјалните мрежи/ВИДЕО

402

Иако спотот е направен во февруари, неодамна стана хит на социјалните мрежи, пред се на TikTok. Адел уживала во вечерно излегување во ноќниот клуб Heaven во Лондон, а сега видеото од таа вечер е полн погодок на социјалните мрежи.

Тоа беше ретко појавување на пејачката во веројатно алкохолизирана состојба, откако јавно се откажа од консумирањето алкохол во октомври 2021 година. Како што покажува снимката на TikTok, таа се наведнува од ВИП-просторот и навидум збунета ја прашува групата на подиумот: „Како сите одеднаш знаат дека сум овде?

Кон крајот на минатата година, пејачката зборуваше за американскиот Vogue за нејзините „проблеми со алкохолот“ и изјави дека страда од „анксиозност“.

– Секогаш сум малку мамурна во понеделник наутро. Пијанството се случува се порано и порано“, истакна тогаш таа.