Славниот актер Пирс Броснан, најпознат по улогата на Џејмс Бонд во четири филма од серијалот, на Инстаграм објави сентиментална љубовна порака за својата сопруга Кели Шеј Смит по повод годишнината од бракот.

Пред дваесет и осум години, на четвртиот ден од осмиот месец, се сретнавме во Кабо Сан Лукас во мексико. А се венчавме во дворецот Ашфорд во Ирска по три години, на осмиот ден од четвртиот месец.4884. Моја вечна љубов, во мојот живот ти донесе радост и среќа. Ти си светло на мојот живот“ – напиша славниот актер покрај фотографијата од нивната венчавка.

Пирс Броснан и Кели Шеј Смит во брак се од 2001 година и имаат два сина, Парис и Дилан. Актерот со години се соочува со нападите на неговата сопруга затоа што се здебелила и со злобните забелешки дека тој сигурно би можел да најде „нешто подобро“.

„Ја обожувам секоја облина на нејзиното тело. Таа е најубавата жена во моите очи. А и затоа што е мајка на моите деца. Горд сум на неа и секогаш настојувам да бидам достоен за нејзината љубов“ – одговори Броснан во една прилика.