Пикфорд помеѓу стативите

103

Репрезентативецот на Англија и прв голман на Евертон, Џордан Пикфорд, е најновата желба на менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Антонио Конте. Првиот голман на популарните „петли“, францускиот интернационалец Хуго Лорис, на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч и затоа трофејниот италијански стручњак побара од клупските челниц да испратат официјална понуда за Пикфорд која нема да биде помала од 40 мил. фунти.