Бугарскиот експерт Русинова: На патот или немало  соодветен знак, или возачот не го видел или заспал!?

Бугарски експерт со првична анализа за трагедијата. Експертот смета дека можно е знакот за постоење на сообраќаен остров да го немало или возачот да не го видел, или пак  заспал.

979

Бугарскиот експерт Дијана Русинова од Европскиот центар за транспортни политики даде првична анализа  за тешката сообраќајна несреќа  што се случи рано утрово во Бугарија на патот Струма,  во која загинаа 46 лица, а седум се тешко повредени. Анализата е  заснована на  снимки од дрон, на локацијата каде се  случи страотната несреќа  во која се запали  македонски автобус кој што се враќал од Истанбул .

Русинова вели дека прво што треба да се направи е да се провери состојбата на ознаките на патот на оваа делница, но и  неколку километри наназад, за да се види дали евентуално нивно отсуство го збунило возачот и не овозможило да го следи патот.

Експертот смета дека можно е знакот за постоење на сообраќаен остров да го немало или возачот да не го видел, или пак  заспал.

-На фотографиите од дрон јасно се гледа како возачот се обидел да излезе од областа и да го стабилизира автобусот. Потоа следел удар во заштитната ограда-објаснува за бугарските медиуми Русинова и укажува дека е дискутабилна и положбата на знакот со кој се означува дека има двоење на коловозната лента.