EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

За време на неизвесната трка во Монте Карло, Џереми Кларксон напиша на „Твитер“  дека ќе им даде пиво на сите членови на француски Алпин во случај некој од неговите возачи да стигне до подиумот. И бидејќи познатиот водител е човек од збор, случајно ја посети фабриката на Алпин и донесе пиво за сите вработени.

Кларскон им донесе пиво од своето производство на членовите на Алпин. Исто така, Естебан Окон, кој стигна до подиумот во Монте Карло, имаше можност да се вози со Џереми на неговиот трактор.