Пејачот Ѓорѓе Марјановиќ – ќе го памтиме и по големиот хит-евергрин “Никад није касно“

831

Неговиот хит “Никад није касно“ (Никогаш не е доцна – второпласирана песна на фестивалот “Белградска пролет 1978“) е музичка најава во популарното истоимено ТВ-шоу кое го гледаме и ние овде секоја недела на ТВ Канал 5.

Во дамнешните педесеттите години од минатиот век, тој е првиот пејач кој го фрла сакото во публика…. И тогаш се случува хаос. Каков скандал во позитивна смисла на зборот. Југославија го доби својот Жилбер Беко. Весниците беа преплавени со фотографии на новородената музичка ѕвезда Ѓорѓе Марјановиќ. Впрочем, како и сега порталите, телевизиите, весниците, интернетот…, но причината е претажна. Легендарниот пејач почина во својот Белград од последици на коронавирусот на 90-годишна возраст. Фановите од поранешната СФР Југославија како и фановите од поранешниот СССР го оплакуваат не можејќи да поверуваат во оваа црна вест. Токму во тој СССР Марјановиќ некои триесетина долги години беше најголема пејачка ѕвезда.

Дури и се формираа фан-клубовите „Џокисти“ кои следеа сè што беше поврзано со неговата музичка работа. Таму во СССР ја запознал својата сегашна сопруга Ели Николаевна со која има и три деца и со која остана во брак сè до неодамна, до пред некој ден, до смртта. Бившите Совети го креваа во ѕвездите, советските претседатели од Брежњев, до Горбачов вистински му се восхитуваа. Веста за смртта на својот татко ја објави и неговиот син Марко кој кусо, но трогателно соопшти:

-Можеби не бев најдобар син, ама ти беше најдобар тато, напиша Марко Марјановиќ. Иако Ѓорѓе Марјановиќ физички замина, тој останува да живее со своите евергрини, меѓу кои најголемиот “Звиждук у осам“, а сингл-плочата со таа песна беше продавана во милионски тираж. Многу интересен е и податокот за Ѓорѓе дека неговиот хит “Никад није касно“ (Никогаш не е доцна – второпласирана на фестивалот “Белградска пролет 1978“) е музичка најава во популарното истоимено ТВ-шоу кое редовно се емитува и овде секоја недела на ТВ Канал 5.
Ѓорѓе беше таков, секогаш сакаше да се пофали и со тоа дека неговите внуки се неговата најголема среќа. Нивните имиња се Ана и Теа. Ретко кој памти дека во 2010 година згодната Ана беше “Мис на Грција“. Денес работи како ТВ-водителка и модел, а студиите по маркетинг и комуникација ги заврши во Лондон. Атрактивната Ана беше во врска со грчкиот кошаркар Јоанис Папапетру.

И Теа и Ана секогаш со себе во својата торбичка или во паричникот ја носат (и сега) сликата на својот славен дедо Ѓорѓе, а тоа го знаеше и тој самиот, со што беше посебно горд. Својот прв сериозен здравствен проблем Марјановиќ го доживеа во Мелбурн во 1990 година на турнејата со Лепа Брена. Пеејќи ја својата песна „Нема мене кој да ме жали“ тој преживеа ужасен мозочен удар. Но остана без глас засекогаш. Од тогаш не настапувал веќе, но и не се служеше со едната рака. Следела борбата на лекарите за неговото здравје, а во него самиот се разбуди желбата за понатамошен живот. Таа желба ја имаше сè до пред некој ден кога за жал почина од коронавирусот колку и да беше приклучен на апаратите за дишење.
Почивај во мир, голема пејачка легендо!   Д.М.