Пејачката Сека повторно ќе роди син!

120

Популарната српска пејачка Сека Алексиќ блеска по сите социјални мрежи, а причината е таа што е повторно бремена. Инстаграм и ФБ горат од нејзините радости, но и од коментари на нејзините фанови од Вардар па до Триглав.

Сега Сека со сопругот Вељко, поранешен нејзин телохранител и со синчето Јаков уживаат покрај нивниот базен во една белградска населба чекајќи го новиот член во семејството. – Најубавиот подарок кој животот може да ви го приреди е да станете родител мајка и татко. Фала ти Боже, напиша згодната Алексиќка.

После сите прегледи, констатирано е дека Сека пак ќе роди син, па Јаков ќе си има братче. Нека е само за убаво.   Д.М.