Пејачката Никол и рагбистот Еванс….Со многу пари никогаш не им е здодевно!

229

Пејачката Никол Шерцингер има 44 години, а дури сега се омажи. И тоа за згодниот рагбист Том Еванс, кој е помлад од неа, тој има 37 години. Тие во октомрви планираат гламурозна свадба на која ќе биде поканет целиот светски џет-сет од популарната Селин Дион до членовите на групата АББА. Том и Никола се сретнаа благодарение на шоуто „X Factor  Celebrities“ кое се емитуваше на ITV.

Во тоа шоу, Никол беше член на жири комисија, додека Том беше натпреварувач во импровизацискиот бенд наречен Try Star, заедно со колегите рагбисти Леви Дејвис и Бен Фоден.

Тие се заедно од почетокот на 2020 година, а извор близок до оваа двојка вели дека Еванс ја запросил пејачката додека биле на летен одмор. Биле на грчкиот остров Миконос, каде што одлично поминале иако велат дека сè е скапо од храната до пијалаците. Поупатените во нивниот живот зборуваат дека тие толку многу се сакаат што не може никој со ништо да има ја уништи љубовта. Притоа водат гламурозен живот, денес се на пример на Миконос, а задутре веќе на Копакабана во Бразил. Фановите ги воодушевуваат токму со таков начин на живот: никогаш да не се дома, секогаш на различно место, никогаш да не им е здодевно.

Па, нормално, кога за тоа задоволство требаат еден куп пари!

(Д.М.)