Пет македонски уметници со инсталација како протест…

246

Како дел од програмата Раздримување, на струшкиот фестивал „Дрим Он“ за процесирање на култура, во наредните пет дена, петмина македонски визуелни уметници ќе креираат колаборативно уметничко дело, инсталација дизајнирана на конкретна локација. Предводени од темата “Естетското и етичкото во ангажираната уметност” фокусот е протесно реагирање кон начинот на третирањето – уништувањето на природното светско наследство кое последниве неколку години се случува во Струшкиот регион.

Овој дел од Раздримување поточно претставува окупирање на простор кој е пред фаза на градежно уривање – исчезнување каде пред тоа да се случи овие петмина визуелни уметници за момент преку нивното дело ќе се потрудат да испровоцираат, да натераат на размислување, освестување и поголема одговорност на надлежните фактори и личности кои се на некој начин одговорни за ситуацијата во која се наоѓа нашето природното наследство.

Во сабота на 10 август, просторот, поранешниот кафе-бар “Синема“ официјално ќе биде отворен за посета.

Во проектот учествуваат Милко Нестороски, Сали Ертунч, Викторија Попоска, Филип Велковски, Горан Ристовски…