Грција е синоним по производство на маслиново масло, но поради цените што секојдневно растат, овој прехранбен производ стана речиси недостапен за нејзините жители. Во однос на лани, цената на маслиновото масло порасна за над 60 проценти.

Според анализите на „То Вима“, во Грција, во март на годишно ниво, потрошувачите платиле 67,2 % повеќе за маслиново масло, по последователни зголемувања од повеќе месеци.

– Цените на маслиновото масло сега ги надминаа и најпесимистичките прогнози. Во супермаркетите, екстра девственото достигнува 16,47 евра за литар, а пакувањето од 1,5 литар е 24,71 евро – анализира „То Вима“.

Слична е сликата и со поголемите пакувања, кои обично се поекономични од единечните шишиња. Според пишувањето на „Мега“, екстра девствената сорта коронеики чини 14,61 евро за литар и 4 по 58,45 евра за литар.

Сензација е што грчкото маслиново масло понекогаш е поевтино во странство отколку во домашните маркети.