Петта среќа на 92-годишна возраст:Медиумскиот магнат Руперт Мардок се сврши, венчкавка на крајот на летото

164

Американскиот медиумски тајкун Руперт Мардок ја објави свршувачката со својата партнерка Ен Лесли Смит, со која е во врска од септември минатата година.

Мардок (92) за New York Post, еден од неговите многубројни медиуми, изјавил дека „се плаши да се заљуби“, но дека знаел дека ова ќе му биде „последен пат“, пренесува Би-би-си.

Тој додаде дека ја побарал за жена Смит на Денот на Свети Патрик и забележал дека е „многу нервозен“.

Венчавката ќе се одржи на крајот на летото, а парот ќе помине време меѓу Калифорнија, Монтана, Њујорк и Велика Британија.

Мардок претходно беше во брак со австралиската стјуардеса Патриша Букер, шкотската новинарка Ана Ман и претприемачката родена во Кина Венди Денг, а минатата година се разведе од четвртата сопруга Гери Хол.