Петмина рагбисти, Максимо Томсен, Чиро Петроси, Енцо Комели, Матијас Бенисели и Лучијано Пертоси, се осудени на доживотен затвор за убиството на Фернандо Баез Соса, студент по право, кого го претепаа до смрт во 2020 година.

Уште тројца од нив, Блас Синали, Аиртон Виолаз и Лукас Пертосиј, беа осудени на по 15 години затвор за монструозното убиство што се случи во Аргентина.

Баез Соса бил во ноќен клуб со своите пријатели, каде што дошло до инцидент со рагбистите, по што бил исфрлени од просториите.

Насилниците потоа го опколиле, го претепале и не дозволувале ниту еден од минувачите да му помогне. Еден од нив извикал „црно г*мно“, што, според очевидци, било упатено до жртвата.

На судењето, еден од напаѓачите, Томсен, за кој обвинителството тврди дека и го нанел последниот удар на жртвата, се онесвестил кога ја слушнал пресудата.