Ако сте љубители на песто и сосови, ова е вистински рецепт за вас. Се подготвува брзо, а можете да го комбинирате со тестенини, рижото, месо…

Состојки: 

  • 200 свежа рукола
  • 5 чешниња лук
  • 200 гр индиски ореви
  • 150 мл маслиново масло
  • сол

Подготовка:

Руколата ставете ја во блендер, насецкајте го лукот, па и него ставете го внатре. Во оваа смеса додадете ги и индиските ореви.

Полека сипете го и маслиновото масло и солта. Сомелете ја оваа смеса.

Готовото песто ставете го во тегла и прелијте го со маслиново масло. Чувајте го во фрижидер, а дури можете и да го замрзнете.

Пријатен вкус!