Пеп лобира за Сенси

89

Стандардниот првотимец во дресот на италијанскиот калчолигаш Интер, Стефано Сенси, е најновата желба на менаџерот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Трофејниот шпански стручњак е убеден дека Сенси може да биде идеална замена за шпанскиот интернационалец Давид Силва кој ќе си замине од „Итихат“ на крајот од актуелната сезона. Сензи настапува како позајмен фудбалер од редовите на Сасуоло, но Интер има право да го откупи неговиот договор на крајот од актуелната сезона.