Пеп го мерка Тонали

74

Ако им се верува на англиските медиуми, тогаш најдобриот играч во дресот на италијанскиот качлолигаш Бреша, Сандро Тонали, ќе биде летен приоритет на актуелниот шампион, тимот на Манчестер Сити.

Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, не крие дека е импресиониран од играта на репрезентативецот на Италија и верува дека може да биде идеална замена за бразилскиот интернационалец Фернандињо. Големата желба на Шпанецот ќе стане реалност само доколку понудата за Тонали не биде помала од 40 мил. евра.