Пендаровски: Се смиривме и се договоривме со соседите, не смееме да дозволиме да се врати претходната власт

45
Фото:Тим на Пендаровски

-Триесет години никој немаше храброст, никој немаше доволно знаење и посветеност да го реши тој проблем за кој најголемите светски дипломати мислеа дека е нерешлив. Оваа политичка структура во која сум и јас го реши и ја прецесуираше Македонија во најголемата алијанса. Со тоа Македонија со 1,8 милиони луѓе е заедно со најголемите и најразвиените светски велесили, нагласи Пендаровски.

Тој и порача на неговата противкандидатка од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант на Армијата. И потенцира дека без Преспанскиот договор нема членство во НАТО.

– Делумно е манипулација на нашите граѓани и потценување на нивната интелегенција, а делумно е зошто не знаат што зборуваат сега, што зборувале порано и што напишале во програмата. Пред 4 години госпоѓата има изјавено во една телевизиска емисија дека потписниците на Преспанскиот договор треба да бидат кривично гонети, треба кривично да одговараат.

– И сега велиш дека е добро што сме членка на НАТО. Епа госпоѓо, без Преспа нема НАТО, истакна Пендаровски.

Во однос на обвинувањата од Драган Ковачки, Пендаровски рече дека „не може да му се верува на некој што со судска пресуда е лажго“.

– Многу е тешко да му одговориш на човек кој со судска пресуда неодамна е обвинет дека е лажго. Лажеше за една хациенда на министерката за одбрана. Судот, не јас или вие, рече дека лаже и јас не видов дека после таква судска пресуда се извини. Kолку вреди зборот на еден некогаш висок чин во војската кој побара НАТО безбедносен сертификат и беше одбиен. Знаете кого одбиваат за НАТО сертификат? Само оние кои работат против интересите на Македонија, рече Пендаровски.

Toј им порача на велешани на 24 април да го заокружат бројот 1 за стабилност во наредните 5 години.